Жените во Бангладеш повеќе нема да мораат во изводот од книгата на венчаните да наведуваат дали се девици или не. Ова го пресуди тамошниот Врховен суд по петгодишна борба на група за женските права која настојува на заштита на приватноста на жените и спречување да бидат понижувани.
Брачните закони во мнозинско муслиманска земја во јужна Азија бараа од младите да се изјаснат дали се девици, вдовици или разведени.
Со одлука на Врховниот суд владата ќе мора терминот „девица“ да го замени со терминот „немажена“, што беше поздрвено од групата за женски права.
Младоженецот по новиот правилник исто така ќе треба да открие дали е неоженет, разведен или вдовец.
Comments are closed for this post.