Чуварите на затворот во Костарика со саати се труделе да фатат мачка, која се обидела да внесе мобилен телефон во зградата на државниот затвор, објавиле властите во Костарика.
Мачката е фатена по петчасовна потрага. Побегнала најпрво во канализацијата, по што ја приметил еден од чуварите на затворот Ла Реформа во градот Сан Рафаело де Алахуели, близу до главниот град Сан Хозе.
Прилично се намачивме додека ја фатиме, затоа што се вовлече во канализацијата, изјавил официјално лице од затворската управа.
Поради тоа што мачката најпосле изегла од канализацијата, затворските службеници ја фатиле и на нејзините гради нашле вреќичка со два телефона , полнач и телефонски картички.
Comments are closed for this post.