Договор за меѓународна соработка денеска во Берлин потпишаа Нотарската комора на Република Северна Македонија и Федералната комора на нотарите на Германија.
Целта на потпишувањето на договорот, како што информираат од Нотарската комора, е поставување на основа за идни размени меѓу двете институции со обврзување за споделување информации организирање заеднички проекти, особено оние кои се однесуваат на професионалниот тренинг, правните случувања и дигитализацијата.
Договорот го потпишаа претседателот на Нотарската комора на Република Северна Македонија, Васил Кузманоски и правниот советник германската Федералната комора на нотарите, Ричард Бок.
Нотарските комори, се вели во соопштението, со години соработуваат за унапредување на квалитетот во полето на превентивната правда во Северна Македонија и во целиот регион, преку одржување и присуство на настани и состаноци со посебен фокус на правните случувања, професионалните тренинзи, половата еднаквост и предизвиците на дигитализацијата во нотаријатот преку проектите организирани од страна на Германската агенција за развој (ГИЗ)и Германска фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).
На потпишувањето покрај делегацијата од Нотарската комора на Република Северна Македонија, составена од претседателот Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор Анита Адамческа, присуствуваа и претставник од Министерството за правда, државниот советник Љубица Караманди Попчевски и амбасадорот на земјава во Берлин Рамадан Назифи.
Comments are closed for this post.