Специјалното јавно обвинителство во овој момент се наоѓа во една од најтешките состојби од своето основање и затоа апелирам политичарите и сите чинители во државата да седнат и да го донесат Законот за Јавно обвинителство за да немаме прекини на постапките – повика обвинителката Лиле Стефанова.
Таа посочи дека имаат сериозни истраги и дека со неносењето на законот и немањето на овластување и поставувањето на прашањето дали имаат овластување, му се дава огромен простор на криминалот.
Во однос на тоа дека шефицата на СЈО Катица Јанева е осомничен за криминал, Стефанова нагласи дека Јанева е осомничена за криминал од пред два дена, така што работата во институција со осомничен шеф за криминал не постоел.
Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да бидеме горди со тоа, па дали ни бил шеф, колега или пријател, воопшто не е важно – изјави Стефанова.
Прашана дали се оградува од Катица Јанева, Стефанова, рече дека ниту еден пат не и се ни приближила.
Јас никојгаш не сум и се приближила на Катица, од самиот старт се оградувам – истакна Стефанова.
Прашана дали е можно назначување на в.д. шеф на СЈО, Стефанова рече дека Законот за ЈО, кој важи доколку некои одредби не се веќе определени со Законот за СЈО, има повеќе решенија.
Има решение за поставување на вршители на должност, решение за поставување на обвинител кој го заменува отсутниот или спречениот јавен обвинител. Сепак, тоа се ингеренции на Советот на јавни обвинители и да го оставиме да си донесе одлука. Како што разбрав, веќе се во процедура и ќе видиме што ќе донесат – изјави Стефанова.
Во однос на тоа дали се гледа како иден шеф на СЈО, Стефанова рече дека ниту се гледа, ниту, пак, има намера да конкурира за шеф на СЈО.
Comments are closed for this post.