Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, поради безбедносна проценка на затворската управа, е во посебен оддел на истражниот затвор Скопје, заедно со уште една приведена, вели директорот на затворот Есад Рахиќ во интервју за Радио Слободна Европа.
Во принцип ниедно притворено лице не е само. Секогаш мора да има уште еден. Меѓутоа, со оглед на тоа дека станува збор за личност, која била специјален обвинител од посебен општествен интерес, и бидејќи тоа е така брзо направено, ние сметавме дека во еден временски период треба да направиме комплетна проценка од безбедносен и здравствен аспект, изјави Рахиќ во интервјуто, што ќе се емитува в недела.
На прашањето, пак, од Пресинг ТВ, дали е можно во рамки на затворот да контактираат Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец – Рахиќ кусо ни одговори – не!
Comments are closed for this post.