Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, од полноќ се зголемуваат за 1,00 односно 1,50 денари од литар, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за два денара, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Литар ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 74,50, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 76,50, а ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) за 69,00 денари.
За 2,5 денари поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) и ќе чини 58,00 ден/лит.
Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 2,659 денари и еден килограм ќе се продава за 38,409 денари.
Регулаторната комисија го образложува поскапувањето на горивата со зголемување на просечната цена на суровата нафта за 4,74 отсто во изминатите две недели.
Comments are closed for this post.