Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро смета дека намалувањето на апетитот ќе и помогне на нашата планета и сугерира луѓето по голема нужда да одат секој втор ден како би се спасил светот, пишува БиБиСи.
Болсонаро неодамна се најде на мета на критичарите која службените податоци покажаа дека за кратко време дошло до нагол пораст на криумчарење на шумите во Амазонија. По ова, тој го отпушти шефот на агенцијата кој ги даваше овие поразителни податоци во јавност, обвинувајќи го дека изнесува невистини околу размерот на проблемот.
Новинарот кој го цитираше овој извештај додава дека уништувањето на шумите и земјоделието се одговорни за четвртина од ефектот на стаклена градина на Земјата. На прашањето како ќе го следи земјоделскиот развој и заштитата на животната средина бразилскиот претседател даде совет.
Доволно е да се јаде малку помалку. Зборувате за загадување на околината. Доволно е да обавувате голема нужда секој втор ден. Тоа ќе биде подобро за цел свет, вели Болсонаро.
Comments are closed for this post.