Надбискупот на Париз, Мишел Опети денеска ќе ја предводи првата миса во катедралата Нотр Дам, два месеци после огромниот пожар кој уништи дел од импозантното средновековно издание.

„Од очигледни безбедносни причини ниеден верник нема да може да учествува на мисијата која во живо ќе ја пренесува католичката телевизија КТО, како христијаните би можеле да учествуваат“, соопшти париската бискупија.

На мисата, која ќе започне во 18 часот, ќе присуствуваат околу 30 луѓе, главно свештеници, а ќе биде одржана во делот на катедралата кој е најбезбеден. Хор нема да учестува на мисата.

Катедралата Нотр Дам на 15 април беше зафатена од огромен пожар кој беше изгаснат после неколку часа. Пожарот прво го зафати поткровјето, дел од кровот и ја сруши куполата држена од четери столбови високи 93 метри.

До сега се исплатени девет отсто од ветените 850 милиони евра донации.