Со мене не се водат разговори. Ова е одговорот на вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, на прашањето дали со неа е разговарано да биде следниот премиер во кабинетот на ГЕРБ во утринското гостување на БТВ.

Според неа, официјалните разговори со партиите ќе започнат по свикувањето на новиот состав на парламентот и не може најголемата политичка сила во земјата да не се обиде да состави нова влада.

-Почекајте уште малку. Кога ќе дојде моментот ќе бидат предложени и составот и премиерот. Сите опции се на маса. Сите партии на изборите излегоа со паролата „не на ГЕРБ“, но изборите завршија и дојде време да кажат „за“ што се и што ќе работат, изјави Захариева.