Премиерот Зоран Заев со видео порака на својот фејсбук профил, го најавува претстојниот инвестициски циклус од околу пет милијарди евра.

Една милијарда во патишта, една милијарда во железница, една милијарда во енергетика, нов Клинички центар, инвестиции во земјоделството и руралниот развој, нови пречистителни станици, регионални фабрики за прибирање и обработка на отпад, канализациски и водоводни системи, училишта и градинки… Градиме реални проекти за реални потреби на сите граѓани. Нашата држава е на добар пат, вели Заев во пораката на ФБ.

Лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицковски му врати на премиерот Зоран Заев дека на лагата и се кратки нозете.  Вели дека Заев најавува инвестициски циклус без никаков план и никаква методологија.

Се подготвува најголемата пљачка во поновата историја на Република Македонија од половина милијарда евра, пари кои ќе се обезбедат од заем и ќе ги плаќаат сите граѓани и полека, но сигурно ја носат Македонија во должничко сценарио. Големите очекувања, сега се уште поголеми разочарувања, пишува Мицкоски и додава дека премиерот Заев не реализирал ништо од ветувањата, како на пример 500 километри нов автопат, плата од 500 евра и раст на економијата од минимум  5% секоја година.