Откако беше обелоденето дека замениците водачи на црногорскиот Шкаљарски клан, Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ имале македонски пасоши, веќе станува јасно дека цело раководство на оваа криминална група има наши патни исправи.

Стаматовиќ и Дедовиќ со македонски пасоши влегле во Грција во јануари минатата година и таму беа изрешетани од засега непознати сторители пред очите на сопругите и децата. Тие досега имаат прошверцувано дрога во висина од над 300 милиони евра.

По нивната смрт, кланот го презеде Јовица Вукотиќ. Тој македонски пасош имал од 2018 година на име Георги Андонов. Со нашиот пасош беше уапсен во Турција и екстрадиран во Србија.

Но, македонски пасош поседува и Стефан Ѓукиќ. Тој важи за екзекутор на Шкаљарците и пред две години во Украина се обиде да го убие водачот на ривалскиот Кавачки клан, Радоје Звицер.

Ѓукиќ под име Георги Каче пукаше во Звицер но тој преживеа благодарение на неговата сопруга Тамара.

Најсташното од се е што овие криминалци се уште ги поседуваат македонските пасоши бидејќи МВР не побара нивно поништување и со нив можат да купуваат имот во земјава и отвораат банкарски сметки-анализира „Пресинг ТВ“.