Минувачите го уловија застрашувачкиот момент во кој воз налета на приколка од камион кој заглави на пруга во американската сојузна држава Тексас.

Сцената е снимена во Мериленд кога возач на камион се обидел да премине преку пругата, но одненадеж камионот сопрел. На видео снимката се слуша како машиновозачот труби додека возот се приближува кон камионот, а возачот му мафта во обид да го сопре.

Го видов возачот како трча низ пругата и мафта со рацете, рекол еден од очевидците, пишува Деили Меил. Но, возот не успеа да сопре и ја собра приколката заедно со кабината на камионот. За среќа, во сударот не е провреден никој.