Во Кина се урна авион со 133 патници, бројот на жртви се уште непознат

21.03.2022 / 10:11


Патничкиот авион Боинг 737 на кинеската авиокомпанија China Eastern Airlines се урна на југот на Кина, јавуваат медиумите.

Според првите информации, во авионот имало повеќе од 130 патници и членови на екипажот.

Според неофицијални информации, авионот се урнал во областа Гуангкси.

Во тек е спасувачка операција.

Засега нема информации за жртви.

Според неофицијални информации, авионот се урнал во шума, каде по падот избувнал пожар кој ја зафатил вегетацијата.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.