Вардар по петти пат е првак во СЕХА Газпром лигата. Во финалето „црвено-црните“ го победија ППД Загреб со 26-23. Ова е уште еден рекорд на вардарци кои се единствени со три титули по ред и со седум настапи во финалето на осумте досегашни Ф4 турнири.

Вардар потешко од очекувањата дојде до победата за разлика од нивниот дуел во Лигата на шампионите. Нашите шампиони дури во финишот на мечот го скршија отпорот на загрепчани.

Најдобри поединци кај Вардарци беа Стоилов, Дибиров, Караџиќ како и голманот Милосављев.

Сепак финалето ќе остане во сенка на тешката победа на Кристијан Дисингер кој буквално се сруши на теренот откако при скок беше турнат од Поточник. За среќа Германецот нема сршеници и раката му е мобилизирана.