Наместо како што беше претходно најавено, односно во пет минути до полноќ, експедицијата на ракометарите на Вардар ќе пристигне на меѓународниот аеродром во Скопје во 16.15 часот.

Промената доаѓа откако е организиран чартер лет за новите европски шампиони.

Пречек ќе има и на аеродром и потоа на плоштадот „Македонија“.

Од клубот за ПресингТВ потврдија дека се организира чартер лет за враќањето, иако не можеа да го потврдат точното време на пристигнување во Скопје.