Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја критикуваше Европа пред самитот на Г-20 во Јапонија. Трамп нагласи дека во економските релации со САД, Европа била полоша од Кина, пренесе Политико.

Европските нации се поставени да ги користат САД, имаат полоши трговски бариери од тие што ги има Кина – изјави Трамп.

На самитот Г-20 треба да има средба меѓу Трамп и претседателот на Кина, Си Џинпинг, што се очекува биде главниот настан на самитот.