Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Кисела Вода преку својот координатор на советничка група Орце Ѓорѓиевски денеска на советот побарале да се стави на дневен ред точката за поништување на одлуката за ДУПОТ во Расадник и да се започне нова постапка според новиот закон и истата да биде по транспарентна и во неа да учествуваат граѓаните на Расадник, но истата била одбиена.

Имено советниците на ВМРО-ДПМНЕ барале во постапката да учествуваат и советници, но и невладини организации, но од страна на советниците на СДСМ била одбиена оваа точка која не била ставена на дневен ред.