Српската опозиција осоколена од протестите поради двете убиства во Белград и Младеновац, ги зголеми апетитите како оваа трагедија да ја искористи за политички цели.

Опозицијата во Србија, длабоко поделена но со силна меѓународна поддршка сака по примерот на Македонија без да има избори да дојде на власт и дури откако ќе навлезат во сите институции да се организираат избори.

Немаме никаков проблем да одиме на избори. Но,тие саакаат да владеат а ние да ги избереме да владеат околу една година а потоа да се оди на избори-истакна синоќа Вучиќ.

На ист начин преку Договорот од Пржино и техничката влада, СДСМ на чело со Заев влезе во власта со неколку клучни минитерства меѓу кои и МВР. Истата техничка влада ги организираше изборите во 2016 на кои СДСМ повторно не победи но со голема помош на меѓународната заедница дојде на власт.