Шилегов: Ги охрабрувам и општина Центар и Министерството за култура да ги остранат дивоградбите наречени Скопје 2014

29.09.2020 / 14:59

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов вели дека институцијата со која тој раководи продолжува со активностите за остранување на дивоградбите што се под нејзина надлежност, а се дел од проектот Скопје 2014.

Мојот став е непроменет. Градот упорно ги тера тие работи што ги има. Тоа се три галии и пет споменици, од кои еден е тргнат, а две од галиите се во тек на отстранување. Тоа е она што е наша јурисдикција. Но ги охрабрувам и општина Центар и Министерството за култура како институции носители во тој проект да продолжат да ги преземаат оние работи кои согласно закон треба да ги преземет, а тоа е да ги остранат дивоградбите наречени Скопје 2014, рече Шилегов одговарајќи на новинарско прашање по денешното отворање на паркингот за велосипеди.

Тој додава дека се уште не се имплементирани препораките што ги дала комисијата формирана од Владата во врска со овој проект, но очекува да почне да се работи попосветено на ова прашање имајќи го предвид и дописот кој Владата го има испратено до Општина Центар за носење на новиот детален урабанистички план за Мал ринг.

 

СподелиShare on Facebook
Facebook
Tweet about this on Twitter
Twitter
Email this to someone
email

Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.