Малиот убиец Коста само еден ден пред убиството  гледал американски блокбастер за масакр во училиште.

Во неговиот компјутер бил пронајден и хорор филмот „Тhe Purge“.

The Purge е американска антолошка медиумска франшиза центрирана на серија дистописки акциони хорор филмови . Овој серијал ја  претставува навидум нормална Америка без криминал во блиска иднина. Сепак, земјата е дистопија која го набљудува годишниот настан познат како „Чистка“, во кој сите криминални дела, вклучително и убиствата, се декриминализирани во период од 12 часа.