Сите пензионери корисниците на дебитни картички со својата пензија ќе располагаат од утре, 28 јули 2020 година

Македонската банкарска асоцијација известува дека банките се подготвени предвреме да ја извршат исплатата на јулските пензии.

Сите пензионери коишто поседуваат дебитни картички, од утре преку банкоматите и во трговската мрежа ќе располагаат со својата пензија.

Готовинската исплата на пензиите, за оние пензионери коишто не поседуваат дебитни картички, ќе се спроведе во групи, според следниот распоред: во вторник, 28 јули – пензии во висина до 11.000 денари, во среда, 29 јули – пензии во висина од 11.001 денари до 14.000 денари; во четврток, 30 јули – пензии во висина од 14.001 денари до 18.000 денари и во петок, 31 јули – пензии во висина над 18.000 денари.

Од МБА апелираат клиентите коишто не поседуваат дебитна картичка да се придржуваат до овој распоред со цел успешно спроведување на исплатата.

Потсетуваат дека корисниците на банкарски услуги при посета на филијалите и експозитурите треба да носат лична заштитна опрема и да одржуваат соодветна дистанца согласно со насоките и препораките