Никола Спасојевиќ, сведок во судскиот процес против Веља невоља на вчерашното судење во Белград откри детали поврзани со аферата „пасоши“ во Македонија кога беа давани македонски патни исправи на околу 200 криминалци и водачи на кланови во регионот.

Спасојевиќ пред судот раскажа како биле убиени водачите на Шкаљарскиот клан Игор Дедовиќ и Стеван Стаматовиќ во ресторан Атина пред три години. Тие поседуваа македонски пасоши и  со нив влегле во Грција.

Спасојевиќ пред тргнувањето за Грција се сретнал со Вељко Беливук кој му дал пари за патувањето и тргнал два часа пред него, пренесува „Ало.рс.“

– Се сретнавме на бензинска пумпа во Грција. Патувавме цела ноќ и стигнавме во Атина пред утрото. Беливук контактираше  негого кој ни ја  испрати локацијата на подземната гаража каде треба да ја оставиме колата. Оттаму се качивме со такси и отидовме во станот во кој престојувавме.  Следниот ден Вељко ми кажа зошто дојдовме,  односно да го ликвидираме Дедовиќ – рече Спасојевиќ, посочувајќи дека Љубомир Лаиновиќ, Милинко Брашновиќ и „некој Лептир“ биле ангажирани како директни извршители.

Спасојевиќ нагласи дека по ликвидацијата двапати отишол во Македонија за да им плати пари на Лаиновиќ и Брашновиќ.

Ми кажаа дека прво се приближиле на погрешна маса во ресторанот, а Брашновиќ прв му пришол на Дедовиќ и му го „истурил мозокот во супата“, а Лаиновиќ го убил Стаматовиќ, рече Спасојевиќ  пред судот.

Сведокот првиот пат на ликвидарорите им донсеол 2.600 евра, а вториот пат  36.000 евра и ролекс.