Потпретседателот на Владата на Србија и министерка за градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ изјави дека е воспоставена прва железничка линија меѓу Србија и Кина, односно дека првиот товарен воз е веќе тргнат кон Србија.

Првиот товарен воз тргна во вторникот од кинескиот град Џинан од провинцијата Шангдонг за Србија. Во оваа композиција има опрема која кинсеската компанија   CRBC  ја користи за изградбата на брзата пруга од Белград до Будимпешта. Со ова Србија доби железничка карги линија со  Кина, изјави Михајловиќ.

Далечината меѓу двата градови  е  10.500  километри, а возењето ќе трае 25 дена. Возот поминува низ Кина, Казахтан, Русија, Украина, Словачка, Унгарија, па Србија.

Отворањето на оваа железничка линија меѓу Србија и Кина создава можности за сите бизнисмени од Србија, но и за регионот да можат својата стока да ја извезуваат на кинескиот пазар, како и да увезуваат стока од Кина, затоа што железничкиот транспорт е многу поисплатлив од возушниот и поморскиот сообраќај, истакна Михајловиќ.