Вчера маскирани лица влегле во домот на членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Вело Марковски се со цел да извршат кражба, објави Курир.

Во тие моменти дома биле неговата сопруга и малолетно дете, а за среќа не е причинета никаква материјална штета. Случајот е пријавен и во полиција од каде се чекаат детални информации за настанот.

Ваквото разбојништво доаѓа веднаш откако Марковски е поставен за нов член на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали ова е форма на политички притисок и заплашување од страна на власта, останува да видиме.

Инаку ова не е прв пат некој да сака да влезе во домот на Марковски, тоа се случувало и во минатото.