Претседателот Александар Вучиќ, премиерката Ана Брнабиќ и целиот државен врв се  прислушувани од страна на НАТО, тврди воениот аналитичар Мирослав Лазански.

Операцијата се води под шифрата „Матрикс2“, но како што тврди Лазански информативната српска агенција БИА на време ја разотрила и им наложила на Вучиќ и Брнабиќ доверливите разговори да ги водат во т.н тенк соба која е под целосна заштита.

Експертите тврдат дека НАТО ги прислушува преку сателит со софтвери кои се речиси невозможно да се пробијат.

Мрежата за следење на сите телефонски разговори на Балканот се наоѓа на Кипар каде се сместени две британски бази одкаде се прилушува телефонскиот сообраќај на овие простори-вели Лазански.