Најмалку 58 луѓе загинале во железничка несреќа што се случила на северот на Индија кога воз налетал на група луѓе. Во несреќата биле повредени повеќе од 200 други луѓе, соопштија од индиската полиција.

Несреќата се случила кога брз воз налетал на група луѓе што седеле на пругата и гледале огномет.

Луѓето седеа на шините и околу нив гледајќи како се палат кукли во рамки на фестивалот Душер, кога возот едноставно ги прегази – изјавил еден полицаец за Ројтерс.

Причина за несреќата било големата брзина со која се движел возот, но и тоа што луѓето не го слушнале неговото доаѓање поради големата врева од огнометот што се пали по повод овој Хинду фестивал.