Осум лица се повредени во екплозија која се случила на пешачка улица во Лион. Извор од полиција изјавил за Франс прес дека станува збор за пакет со бомба кој бил поставен пред пекара во центарот на Лион.

Во експлозијата ранети се најмалку осум лица, вклучително и едно дете, пренесува францускиот портал БФМТВ. Пожарникари и полицијата се излезени на местото на настанот.

Улицата е затворена за минувачи.