д-р Миломир Станковиќ бил млад лекар кој бил дежурен до креветот на Тито кога тој во Љубљана умираше. Неговата задача била да запишува – дијагнози, прогнози на лекари, терапии што ги зема претседателот. Тој почина во декември 2019 година како еден од последните сведоци на последните денови на југословенскиот маршал.

Седејќи веднаш до болничкиот кревет на Тито, д-р Станковиќ ги слушнал последните зборови на Јосип Броз.

Кога виде дека сè пропадна, неговите последни зборови беа: „Што треба да значи сето ова! Сега, не знам дали се однесуваше на некои одлуки што ги донел или на лекарите кои му ветиле дека терапијата ќе успее… Во средината на февруари 1980 година, Тито повеќе не можеше да зборува и беше во вештачка кома,  изјави пред смртта д-р Станковиќ.