Македонија денеска го обележува Меѓународниот ден на холокаустот и прогонот на македонските Евери во логорот Треблинка.Токму на овој ден од Бугарија стигнуваат најави дека и таа сака да биде дел од историјата на прогонот на Евреите но нашминкана по своја мерка.

Конкретно, потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова најави дека ќе градат музеј за спасувањето на Евреите. Светската историја е јасна дека Бугарија како дел од фашистичката коалиција не ги спасила Ереите туку помогнала да бидат депортирани во логорот на смртта.До пред неколку години имаше живи сведоци кои раскажуваа како Еверите натоварени во вагони во монополот биле натоварени и однесени на пат од кој нема назад.

Навистина е нејасно за какво спасување говори Јотова.?

„Пресинг ТВ“ веќе пишуваше дека  на Бугарија почнува се повеќе да и пречи и Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Македонија.

Бугарија сака да се доведе во прашање автентичноста на експонатите, посебно на железничкиот вагон, со што практично под знак прашалник се поставува и постоењето на самиот Центар, но и депортацијата на македонските Евреи и посебно улогата на бугарската окупациска власт во тој тргичен настан од Втората светска војна.

Дека Бугарија не треба да биде место каде Евреите ќе добијат уште еден музеј потврдува и бугарската еврејска организација „Шалом“.Оваа влијателна организација бара Бугарија да престане со искривување на историјата на еврејскиот народ.

– Нема да застанеме рамнодушни на обидите во изминативе недели за промена на историјата на Холокаустот во Бугарија бидејќи тешките антисемитски закони и државни мерки на бугарската влада оттогаш се претставија како навидум прифатени, но непостоечки во, да не заборавиме дека ова се законите и прописите поради кои илјадници луѓе страдаа за време на Холокаустот.Ова е навреда и за сеќавањето на нашите предци и за заслугите на сите праведни Бугари од овој период, а ние нема да молчиме пред ваквите запоставувања на Холокаустот, кој во многу земји од Европската Унија се смета за кривично дело-велат од „Шалом“