Долгогодишниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов, денеска изјави дека нема да се кандидира за премиерската функција. Како што соопшти, Борисов ќе предложи кандидат за претседател на идната влада кој „има јасна европска и НАТО ориентација“, а името на кандидатот ќе биде објавено откако партијата ГЕРБ ќе го добие мандатот за влада.

-Не е во ред и јас како Радев да ја делам нацијата на два дела. Јас ќе предложам друг премиер со многу европска, натовска ориентација, рече Борисов пред новинарите и додаде дека за формирање влада, согласно Уставот, има една недела време.

Борисов информираше дека во предлогот за новата влада ќе има и стари и нови министри и ги повика сите партии во парламентот на одговорност.