Австрија е меѓу најпогодените земји од коронавирусот. Државата има повеќе од половина милион невработени луѓе.

Во Австрија има зголемување на бројот на невработени, што на крајот на јануари достигна дури 535.470. Тоа е 27 отсто или 114.769 повеќе невработени лица, во споредба со јануари 2020 година. Стапката на невработеност беше 11,4 проценти на крајот на јануари, што е за 2,8 проценти повисока отколку во јануари 2020 година. Пред две години, стапката на невработеност во јануари изнесуваше 9 проценти.

Австрија остварува значителен приход од туризмот, а само Виена годишно имаше по 16 милиони туристи. Економскиот пад во еврозоната во четвртиот квартал од 2020 година, како резултат на воведувањето мерки за „затворање”  беше помал од очекуваниот, покажуваат денешните прелиминарни проценки на Евростат. Бруто домашниот производ на 19-члениот блок се намалил за 0,7 проценти во последните три месеци во однос на претходниот квартал, додека во споредба со четвртото тромесечје во 2019 година паднал за 5,1 процент. Економистите предвидуваат дека трендот на пад на економијата ќе продолжи и во првиот квартал на оваа година.