Аргентинскиот напаѓач, Емилијано Сала, пред точно една година го загуби животот во авионска несреќа од Нант кон Кардиф каде требаше да му се придружи на истоимениот англиски фудбалски клуб. Но, неговото семејство и натаму е во исчекување на одговори за падот на леталото во каналот Ла Манш.

Сала беше еден од најдобрите играчи на Нант, тим за кој постигна 42 гола во 120 меча. Тие беа одлична препорака за него за трансфер во Кардиф каде требаше да биде најскап фудбалер во клупската историја.

Неговото тело беше пронајдено по 17 дена од несреќата, откако неговото семејство собра пари и отпочна приватна потрага. Обдукцијата покажа дека смртта кај Сала настапила како последица на повреди на телото и главата.

Семејството апелира до надлежните да ја забрзаат истрагата и да добијат одговори за причините за кобниот лет од Франција до Велс. Од Претставништвото за истрага на воздухопловни несреќи се очекува до крајот на март да излезе со конечниот извештај за падот на леталото.