Ужасни сцени се видени на еден фудбалски терен во Јамајка кога гром удира на теренот, а двајца играчи паѓаат како покосени. Несреќата се случила на натпревар на средношколци кога громот ги погодил двајцата фудбалери.

Громот  удрил во 82 минута на мечот. Три лица биле пренесени во болница, а од кои две биле пуштени додека третото е задржано затоа што имал моторни проблеми и проблеми со говорот.