Бар Рафаели, поранешната девојка на Леонардо ди Каприо заврши на суд заради затајување данок на приходи од 16 милиони долари кои наводно ги криела од израелските власти.

Во периодот од 2009 до 2010 година супермоделот живеела во странство, а требало да плати данок во висина од 808 илјади евра што не го направила.

Петгодишната врска со Леонардо ди Каприо ја започна во 2006

Таа пред обвинителството тврди дека во спорниот период живеела со Леонардо во Америка, но судијата смета дека тоа што купувала недвижнини во Израел е доволно да се смета дека била жител на таа земја. Исто така, израелските власти и дадоа до знаење дека манекенката ги прикривала промотивните договори кои ги потпишувала со големи автомобилски компании.

„Бевме во сериозна врска и тогаш не бев жител на Израел. Не мора да плаќам израелски данок доколку парите ги заработувам во друга земја, се бранела манекенката.

Од друга страна, Бар пријавила во Америка дека данок плаќала во Израел, за таквото лажирање истот така ќе и се суди. Инаку, ова не е единствената грешка на израелската манекенка која во 2005 година беше обвинета дека прикрила два милиони долари од приходи.