Еден од најмалите италијански региони Молисе, недалеку од Наполи, нуди 27 илјади долари секому кој ќе се одлучи да се пресели во тој регион, со цел зголемување на популацијата на 106-те слабо населени села и помали градови.

Тамошните власти на сите свои дојденци кои ќе се одучат на потполна животна промена ќе им го исплатат планираниот износ во месечни рати од 779 долари за време на три години.

Сепак, за да не биде сè така едноставно и идилично, постојат неколку „цаки“, пренесува Танјуг.

Пред се, населбата во која се доаѓа мора да има помалку од 2000 жители, а дојденците ќе мора да се обврзат на отворање сопствен бизнис.

Според кажувањето на претседателот на регионот Донат Том, можат да отворат било кој вид на бизнис – пекара, книжара, ресторан.

Така нашите градови ќе оживеат, а популацијата ќе се зголеми, изјави тој за Гардијан.

Во последнитедесет години речиси 10 илјади луѓе го напуштија овој регион, со што популацијата на Молисе според последниот попис на населението во 2018 година падна на речиси 308 илјади жители.