Оле Петрова е македонската инфлуенсерка, која заедно со уште двајца државјани на Македонија и еден диџеј од Либан, се уапсени на Миконос поради продажба на кокаин.

Веста ја објави грчкиот весник „Прототема“, од каде во веста објавуваат замаглени фотографии од приведената македонска инфлуенсерка, коишто се идентични со фотографиите што самата Петрова ги има објавено на своите социјални мрежи.

Петрова (21), која има соработувано со неколку македонски модни дизајнери, го предизвика интересот на јавноста поради нејзиното пријателство со една од најпознатите српски старлети, Сораја Вучелиќ, со која во неколку наврати се дружеше и објавуваа заеднички фотографии.

Одлично си поминав во Белград со Сораја. Таа е прекрасна личност, пред сè нормален човек. Бевме во повеќе дискотеки и ресторани во Белград и се договоривме сега таа да дојде во Скопје и да си поминеме исто така убаво – изјави Оле, по дружбата со Сораја кон крајот на 2019 година.